Ќе се обиде Меси да стигне до првото репрезентативно злато.
Со натпреварот помеѓу Бразил и Боловија (петок кон сабота 02:30 часот) на стадионот „Сисеро Помпеу де Толедо“, повеќе познат како „Морумби“ во Сао Паоло започнува 46-тото издание на шампионатот на Јужна Америка, Копа Америка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лионел Меси се врати во репрезентацијата после дебаклот на Мундијалот. Лео е мотивиран конечно да ја прекине црната низа на најмалерозното натпреварување во кое изгуби дури три финалиња: 2007, 2015 и 2016 година.
Во последните два пати Чиле го спречи Меси да стигне до трофејот, а 12 претходно тоа го направи Бразил.
„Дадов се што можев. Боли тоа што не сме шампиони“, изјави Меси после поразот од Чиле после пенал серијата.
„Гаучосите“ ќе играат во групата Б во која се уште Колумбија, Парагва и една од двете селекции кои не се од Јужна Америка на овој турнир – Катар. Покрај Катар дел од ова натпреварување ќе биде и Јапонија.
Доколку сакате да прочитате се за овој турнир одете – тука.