Италијанскиот тренер Антонио Конте се обидува на секаков начин да го крене Тотенхем на повисоко ниво и да го врати во Лигата на шампиони (ЛШ), а веќе смислува план заедно со Фабио Паратичи за нови засилувања.
Конте состави црна листа од фудбалери, кои би требало да заминат од клубот на крајот на преодниот рок, а тоа се Џовани Ло Селсо, Ндомбеле, Деле Али, Стивен Бергвајн и Брајан Хил.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ло Селсо не е во добри односи со Конте, па тој најверојатно ќе замине во Севиља, додека Али е желба на Њукасл, а има и уште неколку понуди. Ндомбеле, од друга страна, е желба на ПСЖ, а Бергвајн преговара со Ајакс.
Хил во минатото лето стигна во замена за Ерик Ламела, но не се прилагоди на екипата, па Шпанецот сега има неколку понуди да се врати во татковината.