Дома Фудбал Англија Конте потврди: Баркли има голема перспектива во Челзи

Конте потврди: Баркли има голема перспектива во Челзи

Англискиот репрезентативец Рос Баркли ќе биде новото засилување за Челзи, потврди менаџерот на „сините“, Антонио Конте.

Играчот за врска на Евертон денес треба да ги помине медицинските прегледи, а Челзи за неговиот потпис ќе плати 15 милиони фунти.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Зборуваме за млад англиски фудбалер. Тој има голема перспектива во Челзи. За клубот ова е одлична можност да го купи“, изјави Антонио Конте.

24-годишниот Баркли се рехабилитира од повреда во моментов.

„Физчки е стабилен, поседува добра техника, но за него најважно е што побрзо да се опорави од повредата која го оддалечи од терените неколку месеци. Се надеваме дека што е можно побрзо ќе се опорави“, додаде Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Салах утрово потпиша нов договор, а сега е позната и судбината на Вирџил ван Дајк

Утрово Ливерпул реши да го „сруши“ интернетот со ненадејна објава дека Мо Салах го продолж…