Toтенхем вчера доживеа неочекуван пораз од Мура во групната фаза од Конференциската лига и така си го искомплицира својот пат за нокаут фазата.
Ова беше првиот пораз за Конте на клупата на Спарси во четвртиот натпревар. Италијанецот беше искрен по мечот.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Сега почнувам да ја сфаќам ситуацијата. Не е малку едноставно. Во овој момент Тотенхем не е топ тим. Мило ми е што сум тука, но мормае многу да работиме за да го подобриме квалитетот“, изјави Конте.




Интересно е што Мура доаѓа од град со 10.000 жители и нема стадион за овој ранг натпреварување па европските натпревари ги игра во Марибор.