Сезоната во англиската Премиер лигата е во полн замав, а уште од сега можеме да почнеме со предвидувањата за новиот освојувач.
Во моментов, ситуацијата е таква, клубовите од Манчестер се на врвот, а веднаш зад нив е Челзи. Секако, има уште многу натпревари пред нас, но по шест кола навивачите веќе добиваат чувство за идното сценарио. Во топ 5 екипи се уште Ливерпул и Тотенхем, додека Арсенал се наоѓа на седмата позиција.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Имено, тренерот на Челзи верува дека борбата за титулата оваа година ќе биде многу понеизвесна отколку претходната.
„Оваа година ќе биде тешко да се дојде то титулата, бидејќи двата тима од Манчестер се вратија на врвот, но тука исто така е и Тотенхем, кој од година во година е се подобар и поконкурентен. Секако не треба да се заборават и Ливерпул и Арсенал. Сигурно дека ќе се води голема битка за титулата“, изјави Антонио Конте.