Челзи во рамките на 36-то коло од Премиер лигата оствари сигурна победа од 3:0 над Мидлсборо, и сега има големи седум бода предност во однос на второпласираниот Тотенхем.
Менаџерот на „сините“, Антонио Конте е нетрпелив и сака што е можно побрзо да дојде до крајот и да го подигне шампионскиот трофеј.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Моите играчи на овој натпревар покажаа дека се најдобри и поради тоа треба да ја освојат титулата во Англија. Пред нас е уште еден важен чекор кон освојувањето на титулата, а тоа е натпреварот против ВБА. Знам дека тие ќе сакаат да играат добро против нас. Сепак, ние знаеме дека треба добро да се подготвиме за тој натпревар , со цел да ја постигнеме посакуваната победа и практично уште од петок да ја освоиме титулата“, изјави Конте.
Во петок, со почеток во 21:00 часот, ВБА на домашен терен ќе го пречека многу веројатно новиот шампион на Англија.