Антонио Конте во недела за прв пат ќе се врати во Јувентус и тоа како тренер на најголемиот ривал.
Италијанскиот стратег нема да доживее „пеколен“ пречек од фановите бидејќи мечот ќе се игра без публика поради коронавирусот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер моментно заостанува шест бода зад Јувентус со меч помалку и овој натпревар може да биде клучен во трката за титулата.
Токму тоа го напомена и Конте, кој овој натпревар го нарече „лакмус“ за неговиот тим во трката за титулата.
„Во недела не очекува важен натпревар која ќе ни покаже колку сме блиску до титулата. Интер во секое натпреварување има за цел да го освои трофејот. Победата во Торино воопшто не е лесна за никого, тоа ќе биде посебен меч за мене“, изјави Конте.