Дома Фудбал Англија Конте: Коста сака да остане во Челзи!

Конте: Коста сака да остане во Челзи!

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте изјави дека напаѓачот Диего Коста сака да остане на „Стенфорд Бриџ“ и дека ќе биде повикан за мечот со Хал.

28-годишниот Коста го пропушти последниот натпревар против Лестер после конфликтот со тренерот и раководството, а во исто време неколку кинески клубови доставија богати понуди за него.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Диего е среќен да игра во Челзи, не гледам никаков проблем. Слушнав многу шпекулации за него, но најважно е дека тренираше со тимот оваа недела, дека нема болки и дека може да игра. Тој е многу важен фудбалер за нас и сите го знаеме тоа. Коста е секогаш играч кој сакам да го имам на теренот“, изјави Конте.

Коста наводно постигнал договор со раководството за зголемување на платата и ги одбил понудите од Кина, по што Конте го вратил во првиот тим и ќе игра на следниот меч против Хал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона во големи проблеми: Може да остане без стадион за дербито со Валенсија!

Остануваат уште три недели до натпреварот меѓу Барселона и Валенсија, кој треба да се одиг…