Дома Фудбал Италија Конте до судиите по дербито со Интер: Дали очигледна грешка е само кога им одговара на судиите во ВАР?

Конте до судиите по дербито со Интер: Дали очигледна грешка е само кога им одговара на судиите во ВАР?

Во италијанското фудбалско првенство вчера се одигра дербито помеѓу Интер и Наполи кое на крајот заврши без победник 1:1.

По овој натпревар незадоволство од арбитражата изрази тренерот на Наполи, Антонио Конте.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Италијанскиот стратег смета дека не требало да биде досуден пеналот во 72. минута кој сепак Чалханолгу сепак не го претвори во гол.

„Навистина иритира кога ќе ви кажат дека ВАР не може да интервенира за непостоечки пенал. Ако има грешка, ВАР е тука да интервенира. Во прашање е очигледна грешка или пак очигледна е само кога им одговара на судиите во ВАР собата? Не сакам да ширам некакви мислења, но ваквите ситуации оставаат простор за теории на заговор“, изјави Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона сака да го откупи Рашфорд за 30 милиони евра

Изгледа дека Маркус Рашфорд ги задоволи челниците на Барселона и тренерот Ханси Флик. Пора…