Meдиумите во Италија денес најавуваа дека првиот човек на Наполи во Антонио Конте гледа можен наследник на Руди Гарсија кој е пред отказ.
На Гарсија не му оди со Наполи и бележи лоши резултати од почетокот на сезоната, па затоа неговата иднина е под голем знак прашалник.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Италијанските медиуми шпекулираа дека Де Лаурентис закажал состанок со Антонио Конте на кој ќе се обиде да го убеди да стане нов тренер на Наполи.
Ваквите гласини стигнаа и Конте кој не демантираше во целост и остави простор нешто да се случи.
„Кога престанав со Тотенхем, направив јасен избор да уживам со семејството, но добро знаете дека се може да се случи“, изјави Конте.