Aнтонио Конте сигурно во овој момент е еден од најдобрите тренери во светот. Италијанскиот стратег на клупата на Тотенхем може да се каже и нема така лоша сезона, а до крајот на сезоната ќе се бори со „петлите“ за место во Лигата на шампионите.




Конте е познат по тоа што е многу темпераментен и често тоа го покажува на натпреварите, но едноставно тоа е посилно од него, таков беше и како играч. Сега тој беше гостин во емисија на „Скај Спорт“ каде што зборуваше на разни теми.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Водителите беа изненадени кога Конте им призна дека сака да пее и дека тоа добро му оди.




„Сакам да пеам. Пред да станам тренер бев добар пејач. Тогаш не морав да го повишувам тонот и да викам на играчите, кога станав тренер гласот поради тоа ми се промени. И сега пеам, но не на нивото како порано“.
"Before I became a coach I was a good singer, but before I was a coach I didn't shout" 😂
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) May 11, 2022
Love the vocals, Antonio! 🎤🎶 pic.twitter.com/WGmWBH30OE