Манчестер Јунајтед е на чекор од комплетирање на трансферот на левиот бек на Порто, Алекс Телеш, пренесуваат медиумите на Островот.
Двата клуба веќе една недела водеа преговори, Јунајтед сакаше да го вклучи Диого Далот како дел од трансферот, но португалскиот клуб ја одби таа можност.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На крајот двата клуба постигнаа договор за трансфер вреден 20 милиони фунти плус бонуси и во следните денови Алекс Телеш треба да пристигне на „Олд Трафорд“.
Раководството на Јунајтед бара засилување на одбраната, па можно е да донесе и централен дефанзивец пред затворањето на трансфер пазарот на 5 октомври.