Дома Фудбал Италија Комо со ветување до навивачите на Наполи – ги чека гратис пиво во вториот натпрвевар!

Комо со ветување до навивачите на Наполи – ги чека гратис пиво во вториот натпрвевар!

Mинатиот петок Наполи на својот стадион „Диего Марадона“ славеше победа над Комо со 3:1, а интересно е што овој натпревар донесе пријателство помеѓу двете навивачки групи.

Комо иако го загуби натпреварот се покажа во добро светло и доби позитивни реакции од навивачите на Наполи.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Поради таквите реакции тие одлучија сега да ги почестат навивачите со пиво. Вториот натпревар помеѓу овие две екипи се игра во февруари, а сите навивачи кои ќе отпатуваат на ова гостување ќе добијат и гратис пиво.

„Комо сака да изрази искрена благодарност до Наполи и фановите за прекрасниот приказ на спортски дух по петочниот меч. Атмосферата на стадионот „Марадона“ и реакцијата на фановите на двата тима по мечот беше неповторлива. Затоа Комо ќе им купи пиво на сите навивачи на Наполи кои ќе дојдат на реваншот на стадионот Џузепе Синигалија во февруари 2025 година“, објави калчолигашот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Белингем реагираше нервозно поради замената. Тухел: Морам да го разгледам случајот

АНГЛИСКИОТ селектор Томас Тухел го предупреди Џуд Белингем дека “однесувањето е клуч…