Бура од реакции во италијанската јавност предизвика видеото кое го објави Наполи, а на кое го исмејува сопствениот играч, Виктор Осимен (ТУКА).
Очигледно дека видеото не му се допаднало ниту на самиот фудбалер, а неговиот потег на социјалните мрежи е доказ за тоа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Осимен по тоа видео го избриша сите слики на кои е во дрес од Наполи.
🚨 Victor Osimhen a supprimé sur son Instagram TOUTES les photos et vidéos comportant un maillot de Naples. ❌
— Instant Foot ⚽️ (@lnstantFoot) September 26, 2023
Le divorce semble proche entre les deux parties. 😵💫 pic.twitter.com/T1yPYBKuEm
Во јавноста се огласи и агентот на Нигериецот кој најави тужба.
„Тоа што се случи е неприфатливо. Видеото во кое се исмејува Виктор прво беше објавено, а потоа со задоцнување избришано. Станува збор за сериозен инцидент кој го нарушува имиџот на фудбалерот и го продлабочува трендот на негативни ставови кон него, што вклучува злонамерни објави во медиумите и објавување лажни вести.
Го задржуваме правото да преземеме правни дејствија и какви било правни дејствија за заштита на Осимен“, изјави агентот, Роберто Календа.