По долго боледување на 51 година утринава почина Горан Костадиновски – Гокси, еден од основачите на групата Комити.
„Со голема жалост и тага ја примивме жалната вест за смртта на нашиот верен навивач Горан Костадиновски Гокси. Работнички загуби голем човек кој низ годините поминати во Градски парк ги помести стандардите во навивањето и покажа како се сака и бодри и Работнички. За сите победи заеднички“, соопштија од кошаркарскиот клуб Работнички.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Горан Костадиновски – Гокси, учествуваше во основањето и развојот на навивачката група Комити, која денес се прости од својот другар.