Дома Фудбал Останато Колумна: Може ли да се освојат срцата на оние кои некогаш и „рака во оган“ би ставиле за тебе…

Колумна: Може ли да се освојат срцата на оние кои некогаш и „рака во оган“ би ставиле за тебе…

Денес се завршува еден од најсензационалните трансфери, како дел од зделката помеѓу Милан и Јувентус, Леонардо Бонучи се враќа „дома“, но таму ништо повеќе не е исто, барем не за него…

Лeoнардо Бонучи...Човекот кој во 2010 година на „мала“ врата пристигна во Јувентус, повторно потпишува за „старата дама“!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Првиот мандат Бонучи во Јувентус го започна пред осум години во 2010, тогаш пристигна на „мала врата“, а дел од навивачите на Јувентус тогаш беа и разочарани, но не поради него.

Зошто?

Бонучи во Торино пристигна од Бари каде што играше во тандем со Андреа Ранокиа кои во тие моменти изгледаше како многу подобар играч од Лео, на крајот Ранокиа истата година заврши во Интер, а Бонучи во Јувентус. Подоцна се покажа дека црно-белите направиле многу подобар потег од големиот ривал.

Денес, навивачите на Јувентус и поголем дел отколку во првиот случај се разочарани од доведувањето на Бонучи на клубот, но овој пат од нешто друго, нешто многу поголемо – ПРЕДАВСТВО!

Може ли Бонучи повторно да ги освои срцата кои ги скрши?

Тешко, многу тешко, но тој е карактер кој сигурно нема да се откаже и ќе биде двојно, тројно, ако не и повеќе пати мотивран да докаже дека заслужува да биде прифатен. Првиот потег веќе го направи, прифати значително помала плата со што јасно го стави спортскиот мотив пред се, но јасно тоа не е дволно, едноставно малку е за човек кој беше дел од трибината на навивачите, а потоа жестоко го прослави голот постигнат против нивниот тим…

Како „шлаг на тортата“ дојде и информацијата после поразот финалето во Кардиф против Реал Мадрид. Во тоа финале Јувентус одигра одлично прво полувреме, а во второто како да истрча друг тим. Бонучи на полувремето имал расправија со голем дел од соиграчите од капитенот Буфон, тренерот Алегри, па офанзивецот Дибала. Токму тој и Дани Алвес беа означени како главни виновници.

Клубот наводно тогаш стоперот го означил како „канцер“ кој мора да биде отстранет. Дури се појави и вест дека управата морала да избира помеѓу него и тренерот Алегри. Сега се уште не е познато, доколку има вистина како ќе биде прифатен од соиграчите и тренерот. Сепак кога клубот го доведува претпоставка е дека веќе е разговарано, се чекаат изјавите во медиумите.

Единствено од играчите на Јувентус Киелини зборуваше во јавноста и порача дека тој би бил среќен ако Бонучи со кој остана во контакт и по заминувањето се врати, но потенцираше дека не може да зборува во име на сите.

Но, Бонучи е карактер кој сигурно нема да се откаже и како што споменав ќе биде максимално мотивиран АКО е можно повторно да биде прифатен (од навивачите).

Веројатно ја знаете приказната за Бонучи според која во почетоците на својата кариера кога поминувал низ тешки моменти имал свој психолог кој го врзувал за столче во подрумот, го навредувал и тепал.

Потоа тука е застанувањето пред пиштолот на разбојникот во еден маркет и сето тоа пред очите на неговата сопруга и син…Тука станува јасно за каков човек зборуваме – човек кој не се плаши од било каков предизвик, а сега пред себе ќе има МНОГУ, МНОГУ тежок, веројатно најтешкиот – да ги освои срцата на луѓето кои некогаш го сметаа за еден од лидерите…

Пишува: Стефан Даскалов

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…