Дома Фудбал Италија Кои се најдобри дефанзивци во светот според Малдини?

Кои се најдобри дефанзивци во светот според Малдини?

Легендарниот фудбалер на Милан, Паоло Малдини важи за еден од најдобрите дефанзивци во историјата на фудбалот.

Малдини ја мина целата своја играчка кариера на „Сан Сиро“ и успеа да освои се што можеше да се освои, а за време на периодот од 1985 до 2009 година испрати и дочека безброј генеарции во италијанската Серија А.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Сега Паоло беше запрашан да каже кои се според него најдобрите дефанзивци на денешницата.

Серхио Рамос е многу добар, иако понекогаш заборава на одбраната. Има извонредни дефанзивни вештини, притоа знае да дава голови. Другиот е Тиаго Силва, кој исто тека е неверојатен. Иако не ги гледаме често натпреварите од француското првенство, јас го паметам уште кога дојде во Милан“, изјави Малдини, кој на крајот ги посочи двајцата најдобри напаѓачи против кои играл.

„Најдобар противник и своевремено најтежок против кој имам играно е Диего Марадона. Мора да го кажам тоа, едноставно тој беше неверојатен на теренот, но и надвор од него. Неверојатно фин човек. После него, ќе кажам Бразилецот Роналдо, пред да се повреди во Интер, тој беше многу, многу добар“, изјави Малдини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…