Новиот спортски директор на Милан, Масимилиано Мирабели веќе работи на засилувања за следната сезона, а овие денови престојува во Германија.
Имано, Мирабели, кој од следниот месец ќе го преземе местото на Адриано Галиани веќе скаутира играчи ширум Европа, а овие денови беше во Германија за во живо да ги гледа натпреварите Баерн – Арсенал и Мехенгадбах – Фиорентина.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Италијанските медиуми веднаш открија кои се имињата за кои сортскиот директор на Милан е заинтересиран и кои сака да го донесе на „Сан Сиро“ следната сезона.
На неговиот радар е плејмејкерот на Мехенгалдбах, Махмуд Дахуд кој важи за еден од најголемите таленти во Бундес лигата, како и ѕвездата на Фиорентина, Федерико Бернардески.
Дохуд го привлече вниманието на многу европски клубови, а Борусија успеа да го задржи во своите редови минатото лето, но тешко дека повторно ќе одолее на нападите на европските гиганти.
За него силен интерес покрај Милан покажуваат уште Ливерпул, Јувентус и Баерн Минхен, па „росонерите“ веќе оствариле контакт со неговиот агент и се спремни да ја победат конкуренцијата.
Што се однесува до Бернардески тој е веќе една од најголемите ѕвезди во Серија А и италијански репрезентативец, па готово сите големи клубови на Чизмата го сакаат во своите редови.