Во Јувентус изгледа и не се премногу загрижени за голгетерскиот пост на Кристиано Роналдо кој се уште чека на својот првенец во официјален натпревар за новиот клуб.
Крилниот напаѓач на Јувентус, Федерико Бернардески воопшто не е загрижен што Роналдо на стартот од сезоната не е лидер на неговиот тим. Португалецот после првите три кола упати 23 удари кон противничкиот гол, но се уште не „поентирал“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бернардески беше запрашан за разликата која ја направил Роналдо со трансферот во Торино ова лето.
„Кристиано? Имам привилегија да тренирам со него секој ден, а за млад фудбалер како мене тоа од огромна важност. Се обидувам да учам од него, тој е голем мајстор. Перфекциониста. Норамален тип на теренот и многу позитивен надвор од него. На себе има голем притисок бидејќи се уште не постигнал гол, но кога ќе започне да погодува ќе го молите да престане“, изјави Бернардески.