Дома Фудбал Англија Кога овој човек игра – Ливерпул не губи!

Кога овој човек игра – Ливерпул не губи!

Кога Ватару Ендо е на теренот, Ливерпул не само што не губи, туку изгледа прилично стабилно.

Јапонецот одигра важна улога во дербито против Манчестер Сити, а англиските медиуми не престануваат да го фалат.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Многумина се согласуваат дека Ендо можеби е најдоброто засилување во последно време за тимот на Клоп, бидејќи пристигна како капитен на Штутгарт и тоа за само 18 милиони евра.

Статистиката јасно покажува дека Јирген Клоп повторно направи одличен избор, бидејќи со Ендо, Ливерпул има седум победи и три нерешени резултати, без ниту еден пораз.

Сега кога заврши Купот на Азија и кога Ендо ја пронајде вистинската форма, нема сомнеж дека Клоп ќе го користи во сите најважни мечеви во Премиер лигата, додека би можел да одмара во ФА купот и Лигата на Европа.

Ако судиме според статистиката, Ендо е неопходен и многу важен дел за Ливерпул во битката за титулата со Арсенал и Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Винисиус во Премиер лигата? Ѕвездата на Реал преговара со неколку клубови

Нејасна ситуација околу иднината на Винисиус во Реал Мадрид и гласините за можен трансфер …