Дома Трансфер зона Кога на еден фудбалер му истекува договорот тука се Марота и Јувентус!

Кога на еден фудбалер му истекува договорот тука се Марота и Јувентус!

Јувентус повторно се обидува да го искористи стариот рецепт.

Сајстот специјализиран за трансфери „Тутомеркато“ пренесува дека Јувентус му понудил договор на фудбалерот на Арсенал, Џек Вилшер.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Изворот изледе и со конкретни податоци, во прашање е договор на четири години вреден 4.5 милиони евра.

Договорот на Вилшер со Арсенал истече и би можел да премине во друг клуб без оштета , а ако некој најдобро знае да реализира такви трансфери тоа тогаш сигурно е спортскиот директор на Јувентус – Бепе Марота.

Марота на ист начин во Јувентус изминатите години ги доведе неколку фудбалери кои се покажаа како одлични засилувања, а во секој момент се очекува потврда на трансферот на Емре Чан кој ова лето пристигнува исто така без оштета.

Претходно Вилшер се поврзуваше и со Милан, па останува да се види каков ќе биде одговорот на 26 годишниот Вилшер кој во текот на кариерата немаше многу среќа со повредите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…