Дома Македонски спорт Кога кучето го „одјави“ Вардар од Лига Европа и стана ѕвезда во светските медиуми (ФОТО+ВИДЕО)

Кога кучето го „одјави“ Вардар од Лига Европа и стана ѕвезда во светските медиуми (ФОТО+ВИДЕО)

Во 2017 година Вардар направи историски успех пласирајќи се во групната фаза од Лигата на Европа.

Вардар до групата од второто по ранг натпреварување во Европа стигна елиминирајќи го турскиот гигант Фенербахче. Во натпреварите од групите црвено-црните сепак немаа некои големи резултати, меѓутоа она што не е поврзано резултатски и момент кој сигурно ќе остане запамтен е кучето кое се појави на теренот во Скопје.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


На домашен терен во Скопје Вардар играше со Розенборг, а во еден момент натпреварот беше прекинат од непоканет гостин. Куче од некаде се појави на тревата. Прв кој му пријде беше голманот Филип Гачевски, по неколку моменти и малата брканица со редарите кучето го напушти теренот.

Ова воедно беше и последниот натпревар на Вардар од групната фаза.

За тој момент пишуваа и најпознатите светски медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…