Хрватскиот фудбалер, Анте Ребиќ со одличниот настап на Светското првенство го привлече внимението на голем број европски гиганти.
Ребиќ во Русија покажа голема форма и докажа дека се работи за фудбалер пред кого има блескава иднина, па поради тоа не изненадува што често се поврзува со фудбалери како Арсенал, Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако трансферот во Баерн изгледаше како најреална опција, стратегот на Баерн, Нико Ковач стави крај на сите гласини.
„Не ништо помеѓу Баерн и Ребиќ. Анте е одличен играч и зборуваме за играч со голем квалитет, но во овој момент доведувањето на Ребиќ не би имало смисла“, изјави Ковач за германски „Билд“.
Иначе, Ребиќ има договор со Ајнтрахт до 2021 година.