Баерн вчера го потврди трансферот на Фелипе Кутињо кој доаѓа од Барселона едногодишна позајмица.
Прво вчера објавија шпанските медиуми, а потоа се покажа дека тоа не се шпекулации бидејќи Баерн го потврди трансферот.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
За трансферот на Кутињо зборуваше и стратегот на Баерн Минхен, Нико Ковач.
„Мислам дека поради доаѓањето на таква ѕвезда во Бундес лигата нема да се радуваат само навивачите на Баерн, туку и цела Германија. Добро знаеме за каков играч станува збор и среќни сме што доаѓа кај нас“, изјави Ковач.