Валенсија на почетокот на 21 век беше важен фактор во борбата за трофеи во Шпанија и Европа, беше шампион на Шпанија во 2002 и 2004 година и победник на Купот на УЕФА во 2004 година, го загуби финалето во Лигата на шампионите два пати, но веќе неколку години „лилјаците“ се соочуваат со големи финансиски проблеми.
Единствениот неодамнешен успех беше освојувањето на домашниот Куп во 2019 година, но се освен тоа беше под очекувањата на навивачите.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Светлината на крајот од тунелот“ би можела да биде продажбата на клубот и доаѓањето на нови сопственици.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Валенсија е на продажба. „АС“ имаше пристап до документ кој кружи меѓу инвестициските фондови кои се занимаваат со купување и продавање клубови во Европа.
Истиот извор наведува дека сегашниот сопственик Питер Лим бара меѓу 350.000.000 и 400.000.000 евра за својот дел од 91,5 отсто од акциите на клубот.
Тајландскиот бизнисмен е во лоши односи со навивачите, кои често протестираат против него дури и на натпреварите, па ова е една од причините што го тера да го продаде клубот.
Ќе потсетиме летово во Валенсија пристигна македонскиот чувар на мрежата Столе Димитриевски кој во клубот е резерва на Грузиецот, Мамардашвили.