
Клубовите од германската фудбалска елита ова лето потрошија вкупно 705 милиони евра за нови засилувања, пренесуваат тамошните медиуми.
Сумата не вклучува плаќање на позајмицата за фудбалери, како и евентуални бонуси загарантирани со договорот.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
18 клубови од Бундеслигата ова лето купија вкупно 159 фудбалери, а 27 играчи беа донесени со статус на позајмени, меѓу кои и најголемата ѕвезда на преодниот рок, Филипе Кутињо. Бразилецот пристигна на позајмица во Баерн од Барселона за 8,5 милиони евра, а следното лето Баварците ќе можат да го откупат за 120 милиони евра.
Најмногу за трансфери ова лето потрошија Борусија Дортмунд, вкпуно 137 милиони, па следува Баерн Минхен со потрошени 130 милиони евра.
Во исто време клубовите продадоа фудбалери за вкупно 657 милиони евра, а најголеми приходи оствари Ајнтрахт кој продаде фудбалери за вкупни 141 милион евра.
⚽ @Phil_Coutinho #packmas
— FC Bayern München (@FCBayern) August 24, 2019
?⚪️ #S04FCB 0-2 (69') pic.twitter.com/LAtJbPrGXk