Легендарниот германски нашаѓач, Мирослав Клосе верува дека воопшто не може да се спореди со Роберт Левандовски кој игра во импресивна форма.
31-годишниот напаѓач на Баерн Минхен и Полска ја започна новата сезона на феноменален начин и веќе има постигнато 18 гола за клубот и репрезентацијата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Левандовски наликува на мене, но е десет пати подобар од мене“, изјави Клосе.
„Има сличен стил на игра со мене. Тој е комплетен напаѓач, ги користи двете нозе, силен е со главата и има многу добар удар“, додаде Клосе.
Клосе во Бундеслигата даде 121 погодок носејќи го дресот на Баерн Минхен, Вердер и Кајзерслаутерн. Оваа бројка беше помината од Левандовски, кој има 213 голови во 297 настапи и стана четврти стрелец на вечната листа.