Дома Фудбал Англија Клоп: Јас во Јувентус? Чисти глупости!

Клоп: Јас во Јувентус? Чисти глупости!

После разделбата со Масимилиано Алегри, Јувентус е во потрага по нов тренер, а медиумите овие денови лецитираат со многу имиња.

Медиумите шпекулираа дека најголема желба на „бјанконерите“ е тренерот на Ливерпул Јирген Клоп, но тој категорични го демантираше тоа.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Серија А е многу атрактивно првество, но нема никаква вистина во шпекулациите кои ме поврзуваат со Јувентус. Слушнав дека некои медиуми пишуваат такви нешта, но тоа се чиси глупости“, истакна Клоп.

„Италија е убава земја. Вистина е дека Серија А е атрактивно првенство. Можеби еден ден ќе работам таму, но сега сум фокусиран само на Ливерпул и уживам во работата овде“, додаде германскиот стратег.

Во меѓувреме италијанските медиуми пренсуваат дека готово сигурно нов тренер на Јувентус ќе биде Маурицио Сари и дека во наредните денови се очекува официјализација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …