Дома Фудбал Англија Клоп: Треба сами да си ја завршиме работата, Сити ќе победи на сите натпревари

Клоп: Треба сами да си ја завршиме работата, Сити ќе победи на сите натпревари

Ливерпул ја продолжува борбата со Манчестер Сити за титулата во Премиер лигата и во моментов има четири бода предност на табелата.

„Очекувам Сити да победи на секој натпревар. Ако сакате нешто да постигнете, сами треба да си ја завршите работата. Кога вашето внимание е насочено кон ривалите, тоа не помага. Очекувам да имаме само бод пред мечот утре“, изјави менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поголемиот дел од навивачите и експертите очекуваат клубот од „Енфилд“ оваа сезона конечно да ја освои титулата после 29 години.

„Најважното натпреварување што може да се освои е Премиер Лигата. Да се биде во првите 4 е важно затоа што ви гарантира финансиски приходи следната сезона. Меѓутоа, ако освоиш титула една година и следниот пат завршиш на осмото место, никој не зборува за трофејот кој си го освоил. Во клуб како Ливерпул секогаш треба да се стремиме за трофеи. Многу е важно да се биде во Лигата на шампиони секоја година“, заклучи германскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…