Дома Фудбал Англија Клоп се сомнева во Саутемптон: Тие му помогнаа на Арсенал!

Клоп се сомнева во Саутемптон: Тие му помогнаа на Арсенал!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, се сомнева…

Минатиот викенд Ливерпул на „Eнфилд” ремизираше со Саутемптон (0:0) и така под знак прашалник го доведе местото кое води во Лигата на шампионите. Само неколку дена после тој натпревар Арсенал славеше на гостински терен против Саутемптон со 2:0.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Клоп тој натпревар го следеше, а имаше и што да му забележи на Саутемптон.

„Против нас Саутемптон играше многу дефанзивно и без желба да се впушти во голема борба. Потоа го гледав нивниот натпревар против Арсенал во средата во кој тие беа многу повеќе отворени. Не сум сигурен зошто му направија услуга на Арсенал, но тоа беше целосно друг натпревар“, смета Клоп.

Ливерпул на две кола пред крајот се наоѓа на третата позиција со 70 бодови. Клубот на Клоп има бод повеќе од Манчестер Сити, а четири од Арсенал, но тие два клуба имаат и натпревар помалку.

 

 

 

 

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Спектакуларно: Асистанција на Хименез за ТВ шпици – со пета ја измами одбраната на Манчестер Сити! 🎥

Резултатот на натпреварот помеѓу Фулам и Манчестер Сити на полувремето е 1:1 , а Фулам прв…