Дома Фудбал Англија Клоп пред ждребот: Групите ќе бидат неверојатни, ова е лудо!

Клоп пред ждребот: Групите ќе бидат неверојатни, ова е лудо!

Тренерот на актуелниот европски шампион Јирген Клоп даде свој коментар пред денешната ждрепка во Лигата на шампиони.

Клоп не е убеден во тоа дека и годинава ќе има доминација на Англичаните и смета дека групите ќе бидат исклучително тешки оваа година.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Групите ќе бидат неверојатни, немам никаква претстава кој би ја освоил Лигата на шампионите, имаме шанси како и сите други екипи, но, не сметам дека англиските екипи ќе доминираат оваа сезона“,смета Клоп.

„Ова е лудо, јас дури и не мислам дека некогаш постоел посилен втор шешир, сите тие би требало да бидат во првиот, но, таму нема место за сите, истото го сметам и за останатите шешири, во четвртиот дури се најде Лајпциг, неверојатно“, додаде германскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Убав гест: Сараево ќе покаже голема почит кон Халид Бешлиќ

Интересен предлог од страна на еден од членовите на Премиер лигата на Босна и Херцеговина.…