Ливерпул го доживеа најтешкиот пораз откако англиското првенство се вика Премиер лига. Црвените на гостувањето кај Астон Вила примија неверојатни седум погодоци.
Вила целосно го демoлираше актуелниот првак. Домашниот тим можеше да постигне уште некој гол, исто така и да прими. На крајот натпреварот заврши 7:2.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јирген Клоп после историскиот пораз успеа да издвои една позитивна работа.
„Единствена добра вест е тоа што никој не се повреди.“ – рече Клоп.
„Било кој тим да го извадев не очекував да загубам 7:2.“ – додаде германскиот стручњак.
Откако ќе заврши репрезентативна пауза Ливерпул ќе го игра градското дерби со Евертон, кој има максимален учинок на стартот од сезоната.