Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека не е премногу вознемирен после победата на Манчестер Сити од дури 8:0 против Вотфорд.
Во викендот кој е зад нас Манчестер Сити запиша убедлива против Вотфорд и за еден гол не го стигна рекордот во Премиер лигата (Манчестер Јунајтед – Испвич 9:0).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сакав да ги погледнам головите, погледнав снимка од две минути и 50 секунди после тренингот. Осум голови и две пречки…Морам да го погледнам цел натпревар за да го разберам тоа. Тоа беше тежок ден за Вотфорд, но ако нешто такво може да ви се случи против некој тим на светот, тогаш тоа е Сити. И ние бевме во слична ситуација кога губевме со 5:0. Ако играш со десетмина, Сити е најлошиот противник. За време на натпреварот мирно спиев“, изјави Клоп.
Ливерпул со победата над Челзи на гости ја одржа предноста од пет бодови во однос на бранителот на титулата.
„Црвените“ сега ги чека натпревар против МК Донс во купот во среда, а три дена подоцна гостуваат кај Шефилд во Премиер лигата.