Ливерпул одигра уште еден очаен натпревар и запиша нов пораз со кој се потврдија проблемите кои ги имаат оваа сезона.
Денес од „црвенитез“ беше подобар Вулверхемптон со 3:0 во рамките од 22. коло од Премиер лигата. Вулвс по само 12 минути игра водеше со 2:0, Матип си постигна автогол, а стрелаше и Крег Доусон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Очекувано разочаран по поразот беше тренерот Јирген Клоп.
„Беше тоа очаен старт за нас, примивме два гола по наша вина. Казнети бевме затоа што игравме премногу пасивно и за тоа нема оправдување“, изјави Клоп.
Германецот не криеше и дека не му се допаѓа ставот на екипата.
„Не можам да го објаснам недостатокот на концентрација. По кој знае кој пат ни се случува оваа сезона. Само стоев на страна и гледав.
Вакви порази се случуваат кога ќе ги заслужите. Жал ми е, но немам објаснување и не постојат зборови со кои можам да ја објаснам нашата игра во првите 15 минути. Лут сум и разочаран“, искрено порача Германецот.