Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека дуелот со Реал Мадрид е еден од најголемите натпревари во светот.
Клоп со нетрпение го очекува дуелот со „кралевите“ и потврди дека има шанси Нуњес да игра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Среќен сум што ќе играме таков натпревар сега, а не пред неколку седмици. Реал е еден од најголемите клубови во светот, а ова е еден од најголемите натпревари во светот. Очекувам „Енфилд“ да биде на нозе“, изјави Клоп.
„Мораме да одиграме два одлични натпревари за да поминеме. Реал не мора да игра ништо посебни, но сепак ќе имаат шанса. Го почитувам и му се восхитувам. Тие имаат тим од светска класа и донесоа возбудливи млади играчи. Нема потреба да се сеќаваме на финалето во Париз, ова ќе биде поинаков двомеч“, додаде Клоп.