Во финалето од Лигата на шампионите оваа сезона ќе се сретнат Ливерпул и Реал Мадрид.
Тоа ќе биде реприза на финалето од 2018 година кога Реал Мадрид славеше со 3:1 благодарение на грешките на Лорис Кариус, но и повредата на Салах после прекршокот од Рамос.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак Клоп на ова финале не гледа како прилика за одмазда.
„Ново финале и добар натпревар во најава. Целосно различен од оној во 2018 година“, изјави Клоп.
Ливерпул во својата историја има шест титули шампион на Европа, Реал 13, а ќе видиме кој во Париз ќе слави нова титула.