Дома Фудбал Англија Клоп: Немаме потреба од нов играч за врска, а Белингам не е на продажба

Клоп: Немаме потреба од нов играч за врска, а Белингам не е на продажба

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, смета дека во моментов нема потреба да доведува нов играч од средниот ред бидејќи има доволен број играчи на тие позиции.

Во англиските медиуми често се појавуваат шпекулации дека на тимот му е потребен уште еден креативен играч на средината на теренот, а најчесто се споменува името на Џад Белингем.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


„Ако ситуацијата остане како што е сега, тогаш кажи ми зошто треба да земаме нов играч? Јас не разбирам. Последното нешто што ми е на ум е дека треба да донесеме нов играч од средниот ред. Фабињо, Хендерсон, Тиаго, Милнер, Кеита, Кертис Џонс, Харви Елиот, Фабио Карваљо, Окслејд-Чембрлен. Кажете ми каков тип на играч ни недостасува. Креативност? Ако земеме играч само заради тоа, ќе им ги отежниме работите на Харви, Кертис и Фабио. Тие можат да дејствуваат на различни позиции, но и многу напред“

„Белингем? Во моментов не е на продажба. Тоа е првиот проблем со него. Всушност, единствениот проблем. Многу ги ценам нашите млади играчи. Не треба да заборавиме дека во првите четири натпревари од минатата сезона, Харви Елиот беше нашиот најдобар играч“, истакна Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вака изгледа хет-трикот на најскапиот играч во историјата на МЛС-лигата (Видео)

Јужнокорејскиот репрезентативец Сон Хјунг-мин (33) постигна три гола за Лос Анџелес во гос…