Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп почна се поврзува со германската репрезентација после одличните резултати на клубско ниво.
Германија неодамна беше прегазена од Шпанија со 6:0 и многумина веќе почнаа да шпекулираат дека Јоаким Лев заминува, а како негов наследник се споменува Јирген Клоп.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Човекот кој го препороди Ливерпул и го врати на англискиот и европски врв одговори на прашањето дали би можел да застане на кормилото на германската селекција.
„Мислам дека тоа е прашање на кое сум одговорил најмногу пати во животот. Во иднина можеби ќе бидам селектор на Германија. Сега? Не, немам време бидејќи имам интензивна работа.“ – рече Клоп.
Тврди дека немал конкретни контакти со челниците на Гермаскиот фудбалски сојуз.
„Не сум сигурен дека некој ме барал, но ако не знае, имам работа во Ливерпул. Иако е лошо време, овде ми се допаѓа. Одговорен сум за многу работи и во скоро време нема да барам нова работа.“ – додаде Германецот.