Дома Фудбал Англија Клоп: Мане е во страшна форма, Салах треба напорно да работи

Клоп: Мане е во страшна форма, Салах треба напорно да работи

Во минатата сезона Мохамед Салах беше најдобриот играч на Ливерпул и ги предводеше „црвените“ до финалето во Лигата на шампионите, но оваа сезона улогите се променија и Садио Мане во последно време е човекот кој најмногу придонесува за тимот на Клоп.

Сенегалскиот фудбалер на 11 последни натпревари постигна исто толку погодоци, додека Салах е без погодок на последните седум натпревари за Ливерпул.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сега за формата на Салах и Мане зборуваше стратегот на Ливерпул, Германецот Јирген Клоп.

„Мане е во навистина одлична форма. За мене тоа не е изненаување, можам да кажам дека скоро секогаш тој играл вака, но сега дојде неговото вистинско време. Од друга страна се што Салах сега треба направи е да продолжи да работи, головите сигурно порано или подоцна повторно ќе дојдат“, изјави Клоп за медиумите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Деко веќе започна преговори за првото летно засилување на Барселона!

Барселона сериозно ја разгледува иднината на Маркус Рашфорд, а најновите сигнали од Саудис…