Германскиот стратег Јирген Клоп изјави дека кога ќе дојде време ќе размисли дали ќе го продолжи договорот со Ливерпул.
Клоп се обврза на верност со Ливерпул до летото 2024 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, германскиот тренер често пати добива прашање до кога ќе работи на „Енфилд“ како менаџер.
„Луѓето цело време ме прашуваат истото. Зошто не го прашувате Пеп Гвардиола за неговиот договор кој истекува наредната година? Имам уште четир игодини и тоа е како вечност. Многу работи може да се случат. Кога ќе дојде време ќе размислувам за новиот договор. Ако не го продолжам договорот ќе одам на одмор. Нема веднаш да барам нов ангажман. Сигурно ќе направам една година пауза“, изјави Клоп.
Германецот на „Енфилд“ пристигна во 2015 година, ја освои титулата во Премиер лигата, Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.