Во текот на пандемијата со коронавирусот ниту една ѕвезда од англискиот фудбал не беше толку активна како што беше фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд.
Рашфорд ја воодушеви британската јавност со својата хуманост во изминатите месеци, а успеа да собере милиони фунти за помош на оние на кои им е најпотребно.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Неодамна успеа да ги убеди и политичарите да продолжат бесплатните оброци за најзагрозените деца и во текот на летото.
Англискиот репрезентативец го воодушеви и Јирген Клоп. После коментарите на тренерот за хуманите активности на Рашфорд, можеби сите треба да се запрашаме за некои работи.
„Она што го направи Рашфорд ме воодушеви. Тоа е неверојатно. Малку е срамотно што воопшто мораше тоа да го работи бидејќи таквите работи треба да бидат природни. Но, некој треба тоа да го покрене, а тој го направи на неверојатен начин.“ – изјави Клоп.
Инаку, Клоп и Ливерпул вечерва се враќаат на теренот после тримесечната пауза. Ливерпул во градското дерби ќе го угости Евертон.