Англиската фудбалска федерација (ФА) го казни тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, поради недоличното однесување на тренерот по дуелот против Тотенхем.
Клоп доби казна од два меча, од кои еден ќе го отслужи, а вториот ќе му биде условен доколку не го повтори престапот, како и казна од 75.000 фунти.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Клоп влезе во вербална расправија со судијата Пол Тирни и го обвини арбитерот дека „имал агенда“ против неговиот клуб.
Ова е вторпат оваа сезона Клоп да добие ваква суспензија, откако доби казна за црвениот картон на мечот против Манчестер сити на „Енфилд“.