Јирген Клоп пред големото дерби со Манчестер Сити истакна дека за него победата во дербито е многу важна, но сепак потенцираше дека сезоната е долга и не завршува во недела.
„За мене ова е меч кој задолжително треба да го добиеме, но не знам дали тоа ќе се случи. Ние се подготвуваме да одиграме голем натпревар, знаеме што треба да направиме, да бидеме храбри и да играме фудбал. Меѓутоа, сезоната нема да заврши после тој меч, не очекува голема борба до крајот на сезоната“, изјави Клоп, кој потоа го пофали својот колега Пеп Гвардиола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Јас имам само почит кон Пеп Гвардиола. Го познавам долго време и е супер за мене да бидам негов ривал. Мислам дека тој е најдобриот тренер во светот, но ние имаме шанса да победиме против неговиот тим, без оглед на се, тоа е тешко“, истакна Германецот.