Како и што се очекуваше, како што се наближува јануари, Фелипе Кутињо повторно на големо се поврзува со трансфер во редовите на Барселона.
На почетокот се шпекулираше дека Ливерпул би го пуштил Кутињо за сума од 150 милиони евра, сега се појавуваат информации дека Клоп би можел да се откаже од услугите на Бразилецот и доколку во спротивен правец тргне Серхио Роберто.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Утрово, „Спорт“ го пренесе планот на Барселона кој вклучува продажба на петмина фудбалери со цел да се обезбедат средства за Гризман и Кутињо, но на трансфер листата не се најде името на посакуваниот фудбалер на Клоп. Повеќе за ова може да прочитате ТУКА.
Сепак, како што открива „Дон Балон“, а пренесуваат англиските медиуми, Барселона би можела да прифати ваков вид на договор, но не е познато колку Роберто имал желба да се пресели на „Енфилд“.