Дома Топ вести „Спорт“ го откри планот на Барса: Петмина заминуваат, пристигнуваа две големи ѕвезди!

„Спорт“ го откри планот на Барса: Петмина заминуваат, пристигнуваа две големи ѕвезди!

sport

Барселона е лидер во Примера, а како што пренесува каталонски „Спорт“ овој клуб би можел да се ослободи петмина фудбалери.

Тренерот Ернесто Валверде смета дека во продолжение од сезоната некои фудбалери и нема да му бидат толку потребни.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот кој сигурно заминува е Хавиер Маскерано, ветеранот на Барселона кој наводно веќе го договорил својот трансфер во Кина, но таму ќе премине на крајот од преодниот рок со цел да и помогне на Барселона која има проблеми со одбраната.

Арда Туран оваа сезона не одигра ниту една минута, а има понуди од Бешикташ и Галатасарај за враќање во татковината.

Рафиња бара минутажа со цел да се избори за место во репрезентацијата на Бразил за Светското првенство, за него интерес покажа Селта каде што претходно настапуваше како позајмен фудбалер.

Алеш Видал веќе подолго време е на трансфер листата, но новото име кое се најде тука Жерар Делофеу кој не успеа да се наметне по враќањето на Барселона. Тој би можел повторно во Милано, но овој пат не во дресот на Милан, туку во редовите на Интер.

Парите од нивната заработка Барселона би ги вложила во Фелипе Кутињо. Ливерпул за неговите услуги бара 150 милиони евра, како и во Антоан Гризман кој Каталонците ќе се обидат да го доведат наредното лето за 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…