Дома Фудбал Англија Клоп го носи својот миленик и прави „напад од сиништата“

Клоп го носи својот миленик и прави „напад од сиништата“

Ливерпул е на чекор од првото големо засилување, па медиумите тврдат дека во следните денови треба да биде комплетиран трансферот на Мохамед Салах од Рома.

Меѓутоа тоа не е се, Клоп сака да го донесе и голгетерот на Борусија Дортмунд, Пјер Емерик Обамејанг и да направи „напад од соништата“.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Обамејанг сака да ја промени средината, ПСЖ се откажа поради преголемите барања, Реал не е доволно убеден во неговите квалитети, па сега единствена опција за Габонецот е Ливерпул.

Наводно „црвените“ се спремни да ја платат сумата од 70 милиони евра која ја бара Борусија Дортмунд и да му ја исполни желбата на Клоп повторно да соработува со Обамејанг.

Доколку се реализира овој трансфер, Ливерпул ќе го формира еден од најдобрите напади во Премиер лигата, па и во Европа.

Обамејанг на самиот врв, а зад него Салах, Сане, Фирмињо и Кутињо…звучи навистина застрашувачки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мафија му се закани на претседателот на Наполи и неговиот син поради Осимен

Трансферот на Виктор Осимен од Наполи во Галатасарај прилично се одолговлечи, а сега „нави…