Дома Фудбал Англија Клоп го израмни постигнувањето на Гвардиола

Клоп го израмни постигнувањето на Гвардиола

Јирген Клоп, кој денес го продолжи договорот со Ливерпул до 2024 година, ја доби и наградата за менаџер на месецот во Премиер лигата.

Германецот ги водеше „црвените“ до четири победи во четири меча во Премиер лигата изминатиот месец, а една од тие победи беше против актуелниот шампион Манчестер Сити.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Клоп е само вториот менаџер во Премиер лигата, после Гвардиола, кој го добива ова признание во три од првите четири месеци од првенството. Каталонскиот стретег тоа го постигна во сезоната 2017/18.

„Месецот беше многу добар. Оваа награда не ја примам лично, бидејќи играчите се заслужни за победите. Тие до сега играат исклучителна сезона“, истакна Клоп.

За играч на месецот исто така беше избран член на Ливерпул, па наградата му припадна на Садио Мане.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мурињо за Роналдо: Ваквите вести се смешни

Светските медиуми неодамна објавија дека Кристијано Роналдо би можел да ја напушти Саудиск…