Дома Фудбал Англија Клоп: Во недела максимално спремен треба да биде дури и продавачот на хот-дог

Клоп: Во недела максимално спремен треба да биде дури и продавачот на хот-дог

Meнаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп го најави дербито против Манчестер Сити во 12-тото коло во Премиер лигата.

Натпреварот на „Енфлид“ се најавува како натпревар кој би можел да биде одлучувачки во трката за титулата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Од спортска страна ова ривалство станува се поголемо. Сити е многу добар тим, затоа му благодарам на Бог затоа што тоа ривалство значи дека сме и ние добри. Се е отворено, никој не може да сокрие ништо. Јасно е дека не можете ништо против Сити ако не покажете храброст. Мораме да создаваме шанси, но истовремено да бидеме добри и во одбраната. Сите на стадионот мора да бидат максимално спремни, дури и продавачот на хот-дог“, изјави Клоп.

Клоп потврди дека Хендерсон и Ван Дајк кои претходно во текот на неделата пропуштија тренинг ќе бидат спремни. Големото дерби се игра во недела во 17:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…