Дома Фудбал Англија Клоп: Властите донесоа правилна одлука за Абрамович!

Клоп: Властите донесоа правилна одлука за Абрамович!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ја коментираше ситуацијата во Челзи после санкциите кои ги наложија британскит власти кон сопственикот Роман Абрамович.

„Сочуствувам со Тухел и играчите. Тие немаат никаква одговорност. Таа е во еден човек и тоа е Путин. Не знам каква е улогата на Абрамович, но може да се каже дека е близок со Путин. Мислам дека тоа што го направија властите е правилна одлука“, изјави Клоп.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Германскиот стратег потоа зборуваше за иднината на Салах на кого договорот му истекува за помалку од 18 месеци.

„Мо очекува Ливерпул да биде амбициозен, не можеме да направиме ништо повеќе од тоа. Сега одлуката е на Мо. Што се однесува до мене нема никаков проблем, треба да чекаме, нема потреба од брзање“, заклучи Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…