Дома Фудбал Англија Клоп: Ако против Реал мислиме на одмазда, нема да направиме ништо

Клоп: Ако против Реал мислиме на одмазда, нема да направиме ништо

Тренерот на Ливерпул, Јирхен Клоп во пресрет на финалето во Лигата на шампиони изјави дека неговиот тим не треба да мисли на одмазда.

Ливерпул загуби од Реал во финалето од ЛШ пред четири години со 3:1, но Клоп истакна дека ова не е реванш, туку нова шанса да се освои најпрестижниот трофеј.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Ако излеземе со мислата дека треба да се одмаздиме, нема ништо да направиме. Тоа не е нашиот стил. До ова финале стигнавме на различен начин. Треба да играме на начинот на кој играме и ќе се обидеме да го направиме тоа“, изјави Клоп.

„Ако Реал игра како што играше против Манчестер Сити од 88-та минута, тогаш за нас работата е невозможна. Но, сепак, фудбалот нуди шанси, за среќа постојат уште други 88 минути. Реал е искусен тим кој знае да се однесува во секој момент“, додаде Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лоши вести за Манчестер Сити: Кевин де Брујне го пропушта натпреварот против Њукасл

Денеска од 13 часот и 30 минути фудбалерите на Манчестер Сити му гостуваат на тимот на Њук…